Нападот на талибанските бунтовници врз канцеларијата на ЦИА и претседателската палата во Кабул заврши по 90 минути престрелка и сите напаѓачи се ликвидирани, соопшти авганистанската полиција.
– Најмалку три напаѓачи се убиени, изјави началникот на полицијата во Кабул, Мухамед Ајуб Саланги.
Тој наведе дека во инцидентот нема загинати припадници на авганистанските безбедносни сили.