Најмалку 33 лица загинаа, а 43 се повредени во денешниот напад врз џамија и верско училиште во северен Авганистан, при што голем дел од жртвите се ученици, изјави талибански официјален претставник.
Заибулах Муџахид, талибански заменик министер за култура и информации, рече дека нападот се случил во градот Имам Сахеб во провинцијата Кундуз и дека талибанците го осудуваат злосторството и изразуваат длабоко сочувство до семејствата на жртвите.
Денешниот напад е најнов во серијата смртоносни напади во Авганистан.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но авганистанскиот огранок на терористичката Исламската држава денеска ја презеде одговорноста за серијата бомбашки напади извршени претходниот ден. Најлош беше нападот на шиитската џамија во северниот дел на Мараз-е-Шариф, кога најмалку 12 шиитски верници беа убиени, а десетици ранети.
Извор: МИА