Стотици талибански бунтовници нападнаа округ во стратешки важна авганистанска провинција во близина на главниот град Кабул и за пет дена убија десетици луѓе, соопштија локалните власти, кои стравуваат дека реонот ќе падне вo раце на бунтовниците.
Властите во провинцијата Газни загубиле контакт со полицијата во округот Аџерстан, кој се наоѓа во западниот дел од провинцијата.
Нападите од талибанските борци започнале пред пет дена и според првичните соопштенија над 100 лица се убиени, од кои 15 се обезглавени.
Провинциските власти побарале помош од централната Влада, но досега не се испратени дополнителни воени единици.