Талибанците во Авганистан се заканија со војна ако странските војници останат во земјата по планираното повлекување на меѓународните сили кон крајот на 2014 година.
Заканата доаѓа во време кога Кабул и Вашингтон се подготвуваат разговори за продолжување на американското безбедносно присуство.
Лидерите на Авганистан и на САД – Барак Обама и Хамид Карзаи – ќе се состанат во Америка следната недела за да разговараат за долгорочниот безбедносен договор меѓу двете земји, а главна тема на агендата ќе биде токму останувањето на американските војници во Авганистан.
“Доколку Америка сака да остави мал или голем број на војници, без разлика колку долго, тоа значи дека во регионот во тоа време ќе продолжи војната и уништувањето”, соопштија талибанците, а пренесува АФП.
Талибанците предупредуват дека ако се согласат да остане и само еден војник, Карзаи и владата ќе бидат “одговорни за иднините жртви и уништувања”.
Според пишувањето на медиумите, американското Министерство за одбрана има подготвено планови според кои во Авганистан би останале распоредени 3000, 6000 или 9000 војници кои ќе бидат фокусирани на борбата против припадниците на Ал-Каида.
Коалицијата предводена од НАТО, која се бори против талибанските исламисти од 2001 година. во 2012 година. повлече околу 30.000 војници и мисијата треба да ја заврши до крајот на 2014 година.
Во земјата во моментов има околу 100.000 странски војници кои ја обучуваат армијата и полицијата за постепено преземање на безбедносните должности.