Тајванското Министерство за одбрана денеска соопшти дека пешадијата стационирана на островче во Тајван, близу кинескиот град Сиамен, собори дрон што летал над забранета територија, јави ДПА.
Портпарол на одбранбената команда на Кинмен изјави дека неидентификуван дрон со фотографска опрема е откриен како лета над островчето.
По стандардните оперативни процедури, тајванската пешадија се обидела да го натераат дронот да си замине. Откако обидите завршиле без успех, дронот бил соборен и паднал во морето, наведува германската агенција.
Според Тајпеј, кинески дронови изминативе недели често летаат над тајванската територија во Кинмен или Мацу.
Извор: МИА