Тајванската полиција заплени дрога во вредност од 10 милиони долари

Од:

Тајванската полиција заплени 450 килограми дрога кетамин, прошверцувана од Кина. Тоа е најголема конфискација на дрога на островот во последните години.

Во акцијата уапсени се три осомничени лица, откако полицијата ја открила дрогата во контејнер во пристаништето Таичунг во централниот дел на Тајван.

Вредноста на запленетата дрога се проценува на 10 милиони американски долари. Тајванските власти ја засилија борбата против трговијата и употребата на кетаминот поради злоупотребата на оваа супстанца меѓустудентите и учениците.

Според тајванскиот закон, шверцувањето и продажба на кетанин е казниво, а минималната казна е пет години затвор.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда