Тајван: Во карантин 5.000 луѓе поради две заразени лица

Од:

Здравствените власти на Тајван ставаат во карантин 5.000 луѓе додека трагаат по изворите на два нови случаи на коронавирус поврзани со нивниот престој во болница.

Официјалните лица денеска соопштија дека не биле во можност да идентификуваат како брачната двојка се заразила по краткиот престој во болницата во Таојуан, близу Тајпеј.

Мажот бил во болница три дена поради здравствени проблеми кои не биле поврзани со коронавирусот, додека сопругата се грижела за него.

Пациентите кои биле отпуштени од болницата помеѓу 6 и 19 јануари, како и лицата кои се грижеле за нив ќе бидат ставени во карантин.

Тајван, со население од над 23 милиони жители, досега има седум смртни случаи од последиците на коронавирусот и нешто повеќе од 900 заразени, иако е близу до Кина од каде започна пандемијата.

Би можело да ве интересира

Тајван: Ја повикуваме Кина да се соочи со реалноста

Вилијам Лаи е новиот тајвански претседател

Горан Наумовски

Тајван: Кина испраќа шпионски балони над нашиот остров, тоа е психолошка војна

Силен земјотрес го погоди Тајван

САД му испраќа оружје во Тајван

Пентагон: Стејт департментот одобри продажба на воена опрема за Ф-16 на Тајван