Тајван вели дека не може да си дозволи нови американски анти-подморнички хеликоптери

Од:

Тајван денеска навести дека се откажал од својот план да купи напредни нови противподморнички хеликоптери од САД, велејќи дека се премногу скапи, пренесува Гласот на Америка.

Тајван претходно соопшти дека планира да купи 12 анти-подморнички хеликоптери MH-60R, произведени од Lockheed Martin Corp LMT.N единицата Sikorsky, но тајванските медиуми објавија дека САД ја одбиле продажбата бидејќи не е во согласност со потребите на островот .

Одговарајќи на прашања во Парламентот за неодамнешните промени во купувањето ново американско оружје, министерот за одбрана Чиу Куо-ченг најпрвин го спомена случајот со хеликоптерите, велејќи дека цената е превисока и дека е надвор од можностите на нивната земја.

Одложени се и две други набавки на оружје – артилерискиот систем за средни самоодни хаубици М109А6 и мобилни противвоздушни ракети Стингер.

Чиу рече дека веќе се потпишани договори за Стингерите и дека тие се платени и дека Тајван ќе изврши притисок врз САД за да ги испорачаат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Силен земјотрес во Тајван

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји