Тајван сака да купи од САД крстосувачки ракети со долг дострел

Од:

Тајван сака да набави од САД крстосувачки ракети со долг дострел, изјави тајвански воен претставник, цитиран од британските медиуми.

Додека Тајван ги развива своите ракети со долг дострел за да одговори во случај на војна со Кина, земјата, исто така, бара помош и од САД за посовремено оружје. Тајван предупреди дека кинеските маневри ја менуваат статус кво состојбата во Индо-пацифичкиот регион.

Шефот на Одделот за стратешко планирање во тајванското Министерство за одбрана запрашан во парламентот за тоа кое оружје Тајван сака да го купи од САД, иако Вашингтон се уште не дал зелено светло за трансферот, посочи на ракетите „AGM-158“ на производителот „Локид Мартин“.

-Ние се уште сме во процес на барање од САД, рече тој.

„AGM-158 JASSM“ има дострел од речиси 1.000 километри, во зависност од моделот. Може да се монтира на авион „Ф-16“ што ги има во вооружувањето на армијата на Тајван.

„Локид Мартин“ соопшти дека ракетата е дизајнирана да погодува добро заштитени цели, може да биде испукана од авион доволно далеку од целта за да се избегне паѓање во опсегот на непријателските системи за ПВО.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија