Тајван: Бројот на жртвите во земјотресот нарасна на 19, над 100 се водат за исчезнати

Од:

Спасувачите денеска се обидуваат од под урнатините да ослободат повеќе од сто лица по вчерашниот силен земјотрес на југот од Тајван, по што дојде до уривање на една зграда од 17 ката, при што погинаа најмалку 19 лица, меѓу кои и едно 10 дена старо девојче и уште  две деца.

Бројот на погинати расте додека спасувачите копаат по урнатините барајќи преживеани после потресот со  јачина од 6,4 степена по Рихтеровата скала, што вчера го погоди градот Тајнан, пренесуваат француските меидуми.

Најмалку 250 лица, од кои тројца утринава, веќе се спасени од под урнаитните со помош на кранови, скали и кучиња трагачи.

Спасувачите велат дека 124 лица се уште се водат како исчезнати, од кои 103 се многу длабоко затрупани во урнатините од зградата, во која имало речиси сто стана, изјави градоначалникот на Тајнан, Вилијам Лај.

Според пописот на жители, во оваа зграда живееле околу 260 лица, но Лај вели дека во моментот на потресот внатре биле повеќе од 300.

Во локалната  служба за вонредни ситуации изјавуваат дека 17 од 19 погинати се станари на зградата која се урнала по потресот, наведуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Штип – Радовиш

Земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во Србија, четврти потрес во последните 11 дена

Земјотрес во Србија

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Јужна Кореја: Пријавени штети на згради

Серија земјотреси го погодија Крит за помалку од половина час