Дел од строго тајниот документ, датиран на 17 февруари, ги сумира наводните разговори меѓу Сиси и високи египетски воени претставници.
Тие ги истакнуваат плановите за снабдување на Русија со артилериска муниција.
Египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси, наводно, наредил производство и испорака на оружјето, и покрај тоа што Египет е еден од најблиските сојузници на Америка на Блискиот Исток.
Според објавените американски податоци, планирана е тајна испорака на 40.000 проектили за Русија, пишува Вашингтон пост.
„Во документот, Сиси им наредува на официјалните лица да го чуваат производството и испораката на ракетите во тајност „за да се избегнат проблеми со Западот“, пишува Вашингтон пост.
Документот што го добиле е дел од големото „протекување“ на доверливи податоци, чиј извор останува непознат.
Ахмед Абу Зеид, портпарол на египетското Министерство за надворешни работи, им рече на новинарите коментирајќи го документот дека „позицијата на Египет од самиот почеток се заснова на немешање во оваа криза и на обврската да се одржи еднаква дистанца од двете страни“ притоа потврдувајќи ја поддршката на Египет за Повелбата на ОН и меѓународното право во резолуциите на Генералното собрание на ОН.