Тајни преговори на Израел: Преместување на Палестинците во Конго

Од:

Израелските власти водеа тајни преговори со африканската држава Конго и неколку други земји за потенцијално прифаќање бегалци од Појасот Газа, објавија денеска израелските медиуми.

„Конго е подготвен да прими бегалци, но ние сме во преговори и со други“, му потврдил на новинарот Шалом Јерушалми висок функционер на израелската служба за безбедност, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Јерушалми го наведе министерот за разузнавање Гил Гамлиел, кој вчера во Кнесетот изјави дека на крајот на војната владата на Хамас ќе пропадне, нема да има локални власти, а цивилното население ќе биде целосно зависно од хуманитарна помош.

„Нема да има работа, а 60 отсто од земјоделското земјиште во Газа ќе стане безбедносна тампон зона“, рече министерот Гамлиел.

Велејќи дека омразата (на Израел) ќе продолжи во Газа и дека новите напади врз Израел се само прашање на време, тој додаде дека проблемот со Газа не е само израелски проблем.

„Светот треба да ја поддржи хуманитарната емиграција, бидејќи тоа е единственото решение што го гледам“, рече министерот Гамлиел.

Официјален Вашингтон во вторникот ги осуди екстремно десничарските израелски министри Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир за залагањето за преселување на Палестинците од Газа.

„Оваа реторика е запалива и неодговорна“, рече портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Би можело да ве интересира

Израелските војници убија двајца вооружени Палестинци на окупираниот Западен Брег

Гутереш: Правото на Палестинците да градат сопствена држава мора да биде признаено од сите

Повеќето од палестинските затвореници кои можат да бидат ослободени се тинејџери

Горан Наумовски

Израелците го убија лидерот на Исламскиот џихад: 25 лица, меѓу кои и жени и деца, загинаа во акцијата

Бројот на еврејски доселеници на Западниот Брег надмина половина милион

Штаје: Израелските сили годинава убија 220 Палестинци