Тајната служба призна дека ги одбила барањата на тимот на Трамп за засилено обезбедување

Од:

Американската тајна служба соопшти дека отфрлила некои барања на предизборниот тим на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп да ја зголеми безбедноста на неговите митинзи во годините пред обидот за атентат во кампањата на 13 јули.

Веднаш по неуспешниот атентат на 13 јули, агенцијата негираше дека ги одбила таквите барања. Но, Тајната служба една недела по обидот за убиство на Трамп призна дека одбила некои барања за зголемување на безбедноста на поранешниот претседател.

Тоа признание најверојатно ќе биде клучно прашање на конгресното сослушување во понеделник, каде директорката на тајната служба Кимберли Читл ќе се појави пред конгресмените, кои веќе изразија вознемиреност поради безбедносните пропусти што му дозволија на 20-годишниот вооружен напаѓач да се качи на покривот на зграда на митингот на Трамп во Батлер, Пенсилванија, по што пукаше своето оружје.

Трамп потоа беше ранет во десното уво, еден учесник на митингот беше убиен, а други двајца беа ранети.

Секретарот за домашна безбедност Алехандро Мајорка рече дека она што се случи е неуспех во службата, додека неколку републикански конгресмени ја повикаа Читл да поднесе оставка или да биде отпуштена. Засега Читл ја има поддршката од демократскиот претседател Џозеф Бајден.

Би можело да ве интересира

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за специјални претставници во Холивуд

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

Вашингтон пост: Трамп размислува за суспендирање на забраната на TikTok за 60 до 90 дена