Тајмс: Зимбабве тајно потпишале договор со Иран за извоз на уран

Од:

Властите во Зимбабве случиле таен договор за продажба на уран на Иран со што ги нарушиле меѓународните санкции, објави денеска лондонски Тајмс.

Договорот е склучен минатата година откако САД и Европската унија воведоа санкции спрема Техеран заради нуклеарната програма.

Зимбабве е исто така под меѓунардони санкции за десетина високи личности меѓу кои и претседателот Роберт Мугабе.

Тајмс се повикува на заменик министерот за природни ресурси Гифт Шиманкире кој е член на опозицијата која загуби на изборите на 31. јули.

Тој објасни за весникот дека договорот за извоз на уран е потпишан тајно и за него знаат само мал дел од членовите на Владата. Тајмс цитира аналитичари кои тврдат дека ќе мине долго време пред да може да се извезува уран од Зимбабве.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје