Воената Команда на САД анализира дали да преземе воздушни напади врз Ислсмска држава во Либија каде е откриен камп за обука, објави „Тајмс“.
– Џихадистите имаат кампови за обука во источна Либија каде се обучуваат околу 2.000 луѓе, изјави вчера Дејвид Родригез, командант на силите на САД за Африка.
Според весникот, генералот соопштил дека се разгледува план дали да бидат извршени воздушни удари врз позиции на џихадистите во Либија.
Весникот цитира изјава на Родригез дека борците обучувани во Либија најверојатно се членови на локална група кои дале заклетва пред ИД дека ќе дејствуваат во нејзино име.