„Тајмс“: САД испратиле 4.000 војници во базата во Кувајт

Од:

Бригада од 4.000 добро вооружени и опремени амеркански војници се испратени во Кувајт во тамошната база на САД, тврди лондонски „Тајмс“.

Ваквата одлука на официјален Вашингтон ја зголемува можноста од нова американска интервенција во Ирак, само четири години по повлекувањето на Американците од ирачката територија, што ја нареди претседателот Барак Обама.

Ваквата одлука беше дел од неговата предизборна претседателска камапања, што Обама ја водеше осудувајќи ја претходната ирачка интервенција од март 2003 година на неговиот претходник Џорџ Буш и ветувајќи дека „тој може“ да ги врати дома американските војници.

Обама претходно побара од американскиот Конгрес да му дозволи воена интервенција од поширок обем „за совладување на џихадистите од Исламска држава (ИД)“.

Префрлањето 4.000 војници во Кувајт претставува најголемо американско воено присустви во регионот на Блискиот Исток.

Обама и американската администрација долго време одолговлекуваа со една ваква мерка, откако претходно ги уверуваа Американците и меѓународната јавност дека нема да има нова интервенција на САД во блискоисточниот регион.

Меѓутоа, слабите резултати на воздушните напади и на досегашните мерки да се уништи џихадисттичкото движење, големиот број американски и европски муслимани во неговие редови, како и бруталните и варварски методи на ИД во убивањето на заробениците, ја сменија позицијата на САД.

Вашингтон сега одново зборува за војна и за борба, само што сега наместо со теророт, како што тоа го означи Администрацијата на Буш по нападите од 11 септември 2001 година, Обама и неговата Администрација зборуваат за „војна против радкализмот“ на исламистите.

Откриетето на лондонскиот весник доаѓа по изјавата на ирачкиот премиер Хајдер ал Абади дека се подготвува голема офанзива против ИД за ослободување на Мосул, која, како што рече, ќе биде изведена со координирана акција на ирачката армија, американските сили и курдските борци Пешмерга.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација