„Тајмс“: Меј ја стави кралицата во тешка позиција со поканата на Трамп за државна посета

Од:

Премиерот на Велика Британија Тереза Меј лично настојувала кралицата Елизабета Втора да испрати официјална покана до претседателот на САД Доналд Трамп за државна посета во земјата практично веднаш по неговото стапување на должност, пишува денеска лондонскиот весник „Тајмс“.

Избрзувајќи со поканата, премиерката ја ставила кралицата во крајно тешка положба, забележува весникот.

– Би било многу попаметно Меј да почекаше за да види каков претседател ќе се покаже Трамп, пред да инсистира кралицата да го покани. Сега нејзиното Величество е поставена во крајно тешка позиција, тврди за „Тајмс“ познатиот британски дипломат Сер Питер Рикетс, кој ја смета поканата за предвремена.

Рикетс наведе дека поради активностите на Владата кралицата е вовлечена во политички несогласувања, со што се нарушуваат постоечките обичаи.

Дипломатот оценува дека Меј во најкус можен рок треба да најде излез од ситуацијата што ја загрозува честа на кралското семејство.

„Тајмс“ забележува дека поканата за Трамп за државна посета на Обединетото Кралство во првата година од неговиот мандат е невидена, наведувајќи примери од последните 40 години со кои ниту еден претседател на САД не добил покана за државна посета во Велика Британија за пократок период од една година од стапувањето на должност во Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата