„Тајмс“: ЦИА гневна на тврдењето дека дејствувала на своја рака

Од:

ЦИА гневно реагираше на обвинувањето на сенатската комисија, составена од демократски сенатори, за тоа дека при испрашувањето на осомничените за тероризам применувале тортура без знаење и одобрување,пишува лондонски „Тајмс“ повикувајќи се на извори од Агенцијата.

Во реакцијата на ЦИА се посочува дека високи функционери од администрацијата на Џорџ Буш ја „одобриле“ програмата за „тортура“ вклучувајќи ги и тогашниот потпретседател на САД, Дик Чејни, како и советникот за национална безбедност Кондолиза Рајс.

Весникот забележува дека претседателот Буш во својата биографија и самиот посочува дека ја дискутирал (со соработниците) целата програма за борбата со тероризмот, како и „техниката на засилено испрашување“.

Според „Тајмс“ станува збор за техника која претходно во Северна Ирска ја имаат користено Британците во нивната борба со локалниот тероризам во времето на „сивите години“ на војување меѓу католиците и протестантите.Таа беше подоцна осудувана од европските судови, како нехумана, но сепак била прифатена од админстрацијата на поранешниот претседател Буш.

Испрашувањата на ЦИА им биле префрлани на приватни безбедносни компании, уредени од поранешни воени психијатри. Еден од нив, сега пензионираниот доктор Џејмс Мичел, за лондонски „Индепендент“ сенатскиот извешај го нарекува како „купишта глупости“.

Според него, демократите во Сенатот имале агенда за ова прашање, но сега Американците може да видат дека извештајот е правен „крајно селективно“ и за да предизвика гнев и гнасење кај јавноста.

– Би било од мене хипкризија ако речам дека немам проблеми со убивањето териристи, но убивањето деца од нападите со дронови (одобрени од сегашната администрација во Вашингтон) претставува многу поголемо замачкување од тврдењето дека било замачкувано она што се правело со осомничените за тероризам, вели Мичел за лондонскиот весник.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел