Тајмс: Британскиот премиер Сунак денеска ќе објави промени во владата

Од:

Британскиот премиер Риши Сунак се подготвува денеска да објави кадровски промени во својата влада и разгледува опции за значително реструктуирање на министерствата, објави Тајмс. Информацијата за планираните промени доаѓа речиси една недела откако Сунак го разреши претседателот на Конзервативната партија Надим Захави, откако независната истрага за неговите даночни работи откри сериозно прекршување на министерскиот кодекс на однесување.

Одделот за бизнис, енергија и индустриска стратегија би можел да се реструктуира „за да ги одрази приоритетите на Сунак“, твитна новинарот на „Тајмс“, Стивен Свинфорд, додавајќи дека Одделот за дигитална, култура, медиуми и спорт, исто така, може да очекува реструктуирање.

Според британското издание, реструктуирањето на министерствата може да доведе до назначување нови министри.

Кабинетот на Сунак не одговори на барањата за коментар за тие наводи.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година