Во новото издание, списанието Тајм оддаде почит на Украина и нејзиниот претседател Волдомир Зеленски. Насловната страна е украсена со боите на украинското знаме.
Над насловот „Владимир Зеленски и хероите на Украина“, на украински се напишани зборовите што Зеленски ги изговори во Европскиот парламент во вторникот: „Животот ќе ја победи смртта, а светлината ќе ја победи темнината“.
TIME's new cover: Volodymr Zelensky and the heroes of Kyiv https://t.co/kgNYusBXOS pic.twitter.com/6n8wyy4UkQ
— TIME (@TIME) March 3, 2022
Зеленски ова го кажа на крајот од говорот во Европскиот парламент во вторникот, кој беше толку трогателен, што англиската преведувачка се обидуваше да не се расплаче додека ги преведуваше неговите зборови.
Во написот се вели дека Зеленски ја „промени историјата“ избирајќи да остане во Киев, и оти таа одлука, најверојатно, ја променила траекторијата на она што многу луѓе – и во Кремљ, очигледно – мислеа дека ќе биде Блицкриг.