Во номинацијата за наградата „Личност на годината 2012“, која ја доделува американското списание „Тајм“, се наоѓаат и трите членки на руската панк група „Пуси рајот“.
„Во годината во која тие се борат за заштита на слободата и поинаквото мислење, се остро казнети, членките на „Пуси Рајот“ платија особено голема цена поради провокативното изразување на политичките ставови“, наведува неделникот.
На листата на потенцијалните добитници се и претседателот на САД, Барак Обама, на Египет, Мохамед Морси и на Сирија, Башар ал Асад, американскиот државен секретар Хилари Клинтон, американскиот пливач Мајкл Фелпс како и младата Пакистанка Малала Јусуфзаи, која беше тешко ранета од талибанците, затоа што се бореше за правата на школување за девојчињата.
Личноста на годината го бираат уредниците на списанието.
Според американскиот „Тајм“ за 2011-та личност на годината беа „демонстрантите“, односно поединците кои учествуваа во демонстрациите ширум светот.
За најзначајна личност за 2010-та беше избран основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Цукерберг.
Наградата, која претходно се викаше „Човек на годината“ е установена во 1927-ма година.
Според изборот на „Тајм“, личности на годината биле и лица како нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во 1938-ма и Сталин, кој беше избран на два пати, во 1939-та и 1942-ра година.
Списанието „Тајм“ на 31-ви декември 1999-та година го прогласи физичарот Алберт Ајнштајн за „Личност на векот“.
Американскиот претседател Теодор Рузвелт е единствена личност која три пати ја понела оваа титула – 1932, 1934 и 1941 година.