Тајланд го обвинува кинескиот оператор за несреќата недалеку од островот Пукет

Од:

Заменик тајлански премиер Пруит Вонгсуван денеска го обвини кинескиот туроператор за несреќата во која загинаа повеќе од 40 лица, кога на 5 јули се преврте брод недалеку од островот Пукет.

Во моментот на несреќата на бродот имало околу сто лица, главно кинески туристи.

Пруит го обвини туроператорот за непочитување на правилникот за безбедност на Тајланд.

– Не ги почитуваа предупредувањата затоа се случи овој инцидент. Тоа треба да се измени, рече Пруит.

Министерството за култура и туризам на Кина издаде итно соопштение, со кое се предупреудва проверување на онлајн турстичките компании при резервирање на прекуморски патувања.

Многу патници од бродот кој се преврте резервирале патување самостојно преку онлајн тур оператори.

Минисерството за туризам на Тајланд одлучи на секое семејство на жртвите да им дадат 30.202 долари компензација.

Тајландските власти во меѓувреме соопштија дека пет лица кои се воделе како исчезнати се пронајдени живи, но нејасно е дали ја преживеале несреќата или не се качиле на бродот.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он