Тајланд, Филипините и Малезија забранија увоз на сомнителни американски јаболка

Од:

Министерството за здравство на Малезија соопшти дека е забранет увоз на американски јаболка од минатогодишната берба, бидејки дел овие плодови биле заразени со опасната бактерија листерија. Потврда за опасноста од консумирање малезиските здравствени власти добиле и од официјалната Агенција за храна на САД.

Забрана за увоз и продажба на јаболка од САД кон крајот на минатиотмесец беше донесена на Филипините и во Тајланд. Медиумите во овие држави наведуваат дека постои сомнеж дека и покрај забраната неколку илјади тони од сомнителните плодови ќе се најдат во продавниците. Бидејки се работи само за два вида јаболка за кои е утвредено дека се заразени, увозниците ги смениле декларациите и на пазарот ги пласирале без наведување на брендот на јаболката.

Со бактеријата листерија во САД, најмногу во Калифорнија, биле заразени јаболката од типот Грени Смит.

Соединетите Американски Држави  со над 4 милиони тони годишно се, после Кина, втор по големина производител на јаболка во светот. Од вкупното светско производство од 63 милиони тони јаболка во Кина се добиваат 37 милиони тони годишно. На врвот на листатата на најголеми производители, со над 2 милиони тони годишно се Турција, Полска и Индија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија