Таjфунoт „Усаги“ однесе 25 жртви во јужна Кина

Од:

Тајфунот „Усаги“, најмоќната тропска бура во светот годинава, досега предизвика смрт на 25 лица во јужна Кина и го парализира аеродромот во Хонг Конг, каде денеска блокирани останаа илјадници патници.

„Усаги“ („зајак“ на јапонскиј азик), придружен од поројни дождови и ветришта со брзина од 165 километри на час, до кинескиот пред стигна синоќа.

Сите брзи возови, што поаѓаат од Кантон, главен град на провинцијата Гуангдунг, се откажани, како и стотици летови од аеродромите во Кантон, Шанчунг и Хонг Конг.

Меѓународниот аеродром во Хонг Конг, еден од најфрекфентните во светот, беше парализиран во текот на голем дел од вчерашниот ден и во текот на изминатата ноќ, откако „Катај Пасифик“ синоќа ги откажа сите свои летови по 18 часот, одлука која ја следа  и повеќето странски авиокомпании.

Утрово авиокомпаниите ги информираа патниците дека шансите да полетаат во текот на денот се мали поради големиот број доцнења.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он