Тајфунот Рамасун однесе 38 жртви на Филипините

Од:

Тајфунот Рамасун, кој достигна јачина од трет степен додека минуваше низ теритиријата на Филипините, однесе 38 жртви покажуваат најновите податоци, јави ДПА.

Околу два милиони луѓе во филипинскиот главен град Манила и во источните филипински провинции се без електрична енергија.

Повеќето од смртните случаи се поради паднати дрва и делови од згради, поради ветрот што достигна брзина од 185 километри на час.

Осум лица се водат како исчезнати.

Тајфунот Рамасун е првиот голем тајфун што ги погоди Филипините годинава.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати