Тајфунот Фитоу го погоди источното крајбрежје на Кина

Од:

Тајфунот Фитоу, проследен со десетметарски бранови, поројни дождови и ветер со брзина од 42 метри во секунда, го погоди денеска источното крајбрежје на Кина.

Последниот, 23. по ред тајфун оваа година, најжестоко го погоди крајбрежјето на провинцијата Фуџиан.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.  Тајфунот Фитоу се движи на север со брзина од 15 до 20 километри на час.

Зголемено ниво на опасност е прогласено во провинциите Фуџиан, Зеџианг и Шангај. На локалните аеродроми се откажани десетици летови.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он