Тајфун беснее во Кина, десетици илјади луѓе се евакуирани во Пекинг

Од:

Десетици илјади луѓе беа принудени да ги евакуираат своите домови во Пекинг поради рекордните врнежи што ги донесе тајфунот Доксури, а властите денеска наредија прекин на воздушниот сообраќај, јави кинеската државна телевизија CTV.

Тајфунот Доксури е една од најсилните бури што ја погоди Кина во последните години.

Како што јави Ројтерс, овој фронт на бура предизвика големи поплави на југот на провинцијата Фуџијан минатиот викенд, поради што илјадници луѓе беа евакуирани.

Силниот дожд што го следи движењето на тајфунот кон северот на Кина продолжи да го натопува главниот град Пекинг, но и градовите Хебеи, Тијанџин и Шанкси, објави кинеската метеоролошка управа и потврди дека црвениот метео аларм, највисоко ниво на алармот, сè уште е во сила.

Повеќе од 31.000 луѓе се евакуирани од своите домови, а работата е речиси целосно запрена на повеќе од 4.000 градилишта.

Од утрово двата аеродрома во кинеската престолнина откажаа повеќе од 180 летови, а неколку стотици се одложени.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски