Тајани: Вистинската демократија не може да постои без слободата на медиумите

Од:

Вистинската демократија не може да постои без слободата на медиумите. Како поранешен новинар знам дека слободата да бидеш независен во својата работа е од суштинско значење. Без оваа слобода не може да има политичка контрола, транспарентност, борба со корупцијата, добро владеење, слобода на донесување одлуки. Затоа Европската Унија е најсилниот заштитник на ова основно право низ целиот свет, изјави претседателот на Европскиот Парламент по повод Светскиот ден на слободата на печатот.

За жал, организацијата „Репортери без граници“ предупредува дека слободата на медиумите е под закана како никогаш досега! Според неколку извештаи, новинарите добиваат закани не само во државите со авторитарни режими, туку и во држави кои вообичаено се сметаат за демократски.

Во нашата непосредна близина, Турција се претвори во најголемиот затвор за медиумската професија во светот. Според Стокхолмскиот центар за слобода, околу 200 новинари таму се осудени на затворски казни и 150 медиуми затворени како последица на минатогодишниот обид за преврат.

Многу новинари во Кина, Русија, Белорусија, како и земји од Латинска Америка, Африка и Азија се репресирани и се наоѓаат во затвори.

Европскиот Парламент секогаш ќе ги брани оние кои биле неправедно казнети, осудувајќи го секој обид за цензура врз новинарите.

Од овие причини, повторно повикувам на итно ослободување не само на германско-турскиот новинар Дениз Јуксел, но и на сите кои се неправедно затворени низ цел свет, вршејќи ја својата работа, изјави Тајани.

Денеска треба да потсетиме и да им одадеме почит на сите новинари, кои загинале или биле приведени поради нивните ангажмани на граѓаните да им ги дадат објективните факти.

Нивната слобода е клучот за светот да го направиме подобро место. Денеска сакам да знаете дека не сте сами во оваа битка. Европскиот Парламент секогаш ќе биде на вашата страна, се наведува во ставот на Тајани по повод Светскиот дена на слободата на печатот.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он