Не е можно да се гарантира безбедноста на Европа и Украина без поддршка од САД, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.
„Невозможно е да се размислува за обезбедување на безбедноста на Украина и Европа без силни трансатлантски односи. НАТО е фундаментален: Од почетокот рековме дека не можеме без САС. Тоа исто така значи дека треба да го направиме нашиот дел, а тоа е да трошиме повеќе за нашата безбедност“, рече Тајани.
Тој нагласи дека Италија го поддржува предлогот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за европското вооружување, што, како што рече, е „гаранција за безбедноста, а не за војна“, пренесува „Кориере дела сера“.