„Тагес анцајгер“: Тројца Ирачани уапсени во Швајцарија

Од:

Швајцарските власти во март уапсиле тројца Ирачани, кои биле поврзани со групата Исламска држава, под сомнеж дека подготвувале напади во Швајцарија, објави денеска „Тагес анцајгер“.

Весникот наведува дека осомничените биле уапсени по добиена разузнавачка информација од „пријателска земја“, која ги следела, им ги прислушувала телефонските разговори и дошла до сериозни сознанија дека подготвуваат напад со експлозив и отровен гас. Уапсените се обидувале да формираат огранок на Исламската држава во Швајцарија.

„Тагес анцајгер“ посочува дека двајца од уапсените живееле во Швајцарија, а третиот во сирискиот главн град Дамаск.

Швајцарскиот неделник „Ноје цјурхер цајтунг“ објави дека уапсените испратиле околу 40 луѓе од Швајцарија да се борат на страната на џихадистите. во Сирија и Ирак.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски