Таен американски документ за случувањата во Вухан есента 2019

Од:

Тројца истражувачи од Институтот за вирусологија во кинескиот град Вухан побарале болничко лекување во ноември 2019 година, неколку месеци пред Кина да објави пандемија на Ковид-19, објави во неделата „The Wall Street Journal“, повикувајќи се на досега непознат извештај на американското разузнавање .

Американскиот весник пишува дека извештајот, кој дава нови детали за бројот на заразени истражувачи, времето на нивната болест и нивната престој на болница, може да ги зајакне повиците за поширока истрага за тоа дали коронавирусот можел да „избега“ од лабораторијата.

Извештајот се појави пред состанокот на главното тело на Светската здравствена организација, на кој ќе се разговара за следната фаза на истрагата за потеклото на Ковид-19.

Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД не дала коментар за пишувањето на „Волстрит журнал“, но рекла дека администрацијата на претседателот Бајден сè уште има „сериозни прашања во врска со почетната фаза на пандемијата, вклучувајќи го и нејзиниот извор во Кина. ”

„Ние нема да даваме изјави што прејудицираат какви резултати ќе има истрагата на СЗО за изворот на вирусот САРС-CoV-2, но јасно е дека меѓународните експерти треба темелно да ги проценат разумните и веродостојните теории“, рече портпаролката.

„Волстрит журнал“ објави дека сегашни и поранешните официјални лица на САД, се запознаени со разузнавачките информации за истражувачите во кинеската лабораторија.

САД, Норвешка, Канада, Велика Британија и неколку други земји изразија загриженост во март за студија на СЗО за потеклото на Ковид-19 и повикаа на понатамошно истражување и целосен пристап до сите релевантни податоци.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД