СЗО: Во Украина починаа најмалку 3.000 луѓе поради недостиг на третмани за хронични болести

Од:

Првиот човек на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге денеска изјави дека во Украина починале најмалку 3.000 луѓе од почетокот на руската инвазија во февруари, бидејќи немале пристап до третмани за хронични болести.

Досега, здравствената агенција на Обединети нации има документирано околу 200 напади во Украина врз здравствени институции, а сега функционираат само неколку болници, наведе Клуге на регионалниот состанок на 53 земји-членки на СЗО, како и високи колеги од агенцијата.

Тој истакна дека 40 проценти од домаќинствата имаат најмалку еден член, кој не добива третман за хронична болест, како што се ХИВ/СИДА и ракот и тоа резултира со околу 3.000 прерани смртни случаи, што можеа да се избегнат.

Шефицата на Мисијата за набљудување на правата на ОН во Украина, Матилда Богнер посочи дека забележала пораст на стапката на смртност поради недостаток на пристап до нега.

– Правото на здравје е сериозно погодено низ целата земја, истакна Богнер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина