СЗО, СТО, ММФ и Светска банка апелираат на еднаков пристап до вакцините

Од:

Светските лидери мораат да преземат „нова обврска“ да работат на поправедна дистрибуција на вакцините против Ковид-19 на планетата со цел да се изборат против пандемијата и да го спречат „економското закрепнување во две бризини“, повикаа четирите најголеми меѓународни организации

Лидерите на Светската здравствена организација (СЗО), Светската трговска организација (СТО), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка го повикаа Г7, пред неговиот самит во Велика Британија, во јуни, со 50 милијарди долари да ја финансира програмата за борба против пандемијата, подготвена од ММФ, и која веќе беше изложена на самитот за здравство што се одржа во Рим, пренесе Хина.

-Таквата финансиска инјекција ќе овозможи „значително зголемување на производството на дијагностичка опрема, лекови, кислород, медицинска опрема и вакцини за поправедна дистрибуција, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус.

Оваа сума ќе овозможи до 2025 година да се генерираат 9.000 милијарди за светската економија, соопштија четворица лидери на прес-конференција.

До крајот на годината се планира вакцинирање на најмалку 40 проценти од светската популација, а до крајот на 2022 гоина на барем 60 проценти, со цел да се овозможи трајно закрепнување на светската економија.

Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас, кажа дека е „клучно да се забрза синџирот на снабдување“ со цел „да се скрати времето од производство на вакцини до нејзина примена“.

Многу набљудувачи предупредуваат на нееднаквиот пристап до вакцините во богатите и сиромашните земји, влошувајќи ја и продолжувајќи ја пандемијата што досега уби повеќе од 3,5 милиони луѓе ширум светот.

Во заедничката статија објавена во вторникот во „Вашингтон пост“, четворицата лидери на СЗО, СТО, ММФ и Светска банка изјавија дека нееднаквиот пристап ја предизвика појавата на соеви на коронавирусот, што предизвика ново ширење на епидемијата во земјите во развој.

Би можело да ве интересира

Заштитата од бустер дозата драстично се намалува по четвртиот месец покажува американско истражување

Русија е подготвена на взаемно признавање на вакцините со ЕУ

Филипче: Вакцинацијата ни ја враќа слободата

Катерина Ѓуровски

ЕУ досега извезе околу 200 милиони дози вакцини

Иран почна вакцинација против Ковид-19

Европската унија го ограничи извозот на вакцини за Северна Ирска