СЗО објави крај на епидемијата на жолта треска во ДР Конго

Од:

Светската здравствана организација (СЗО) денеска објави крај на епидемијата на жолтата треска во централноафриканската држава Демократска Република Конго, јави ДПА.

Во соопштението на СЗО се посочува дека во последните шест месеци во ДР Конго не е регистиран нов случај на жолта треска, чии вирус го пренесуваат комарците, со што може да се прогласи крај на епидемијата во оваа земја. Минатиот месец СЗО објави крај на епидемијата на болеста и во соседната Ангола.

– Можеме да прогласиме крај на една од најголемите епидемии на жолтата треска во последниве години, изјави регионалниот директор на СЗО за Африка, Матшидисо Моети.

Според СЗО, завршувањето на епидемијата на жолтата треска се должи на успешната каампања за вакцинација на населението против овој вирус.

Првите случаи на жолта треска во тој дел на Африка беа регистрирани во Ангола во декември 2015, каде заболеа над 7.000 лица, од кои речиси 400 починаа како последица на болеста. Од Ангола болеста набрзо се прошори и во ДР Конго. Последниот нов случај на заболен од жолта треска во Ангола беше регистриан во јуни минатата година, а во ДР Конго еден месец подоцна.

Би можело да ве интересира

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

Претседателот на Конго ја обвини Руанда дека сака да ја окупира неговата земја за да го украде златото

Ана Ололовска