Новиот вирус на птичји грип Х7Н9 значително полесно се пренесува од живината на луѓето отколку што беше случај со претходниот вирус од типот Х5Н1, кој беснееше пред десетина години, соопшти Светската здравствена организација.
Научниците и натамуго набљудуваат вирусот Х7Н9 за да утврдат дали тој може да предизвика глобална пандемија, но нагласуваат дека досегашните истражувања покажуваат мала можност овој вирус да почне да се пренесува од човек на човек.
Експертот на СЗО за грип др. Кеиџи Фукуда во Пекинг изјави дека луѓето можат да бидат полесно инфицирани од птиците со вирусот Х7Н9, отколку што беше случај со вирусот Х5Н1, кој се појави во Азија во 2003 година. Вирусот Х5Н1 до сега уби 360 луѓе ширум светот, кој главно биле во директен контакт со заразената живина.
Медицинските експерти се загрижени околуспособноста на вирусот Х7Н9 да преминува на луѓе и околу фактот дека со него може да биде инфицирана птица која притоа не покажува никакви знаци на инфекција, што значително го отежнува моноторингот на ширење на овој тип вирус, пренесува Анадолија.
– Ова е дефинитивно еден од најсмртоносните вируси на грип кои до сега сме ги виделе, рече Фукуда, додавајќи дека експертите и натамусе обидуваат да го разберат овој вирус и оди постои можност полесни инфекции да останат не забележани.
Вирусот Х7Н9 зарази околу 100 луѓе во Кина, меѓукои и 20-тина потешки случаи, главно на источниот брег околу Шангај. Експертите велат дека се уште точно не утврдиле како луѓето се заразиле од новиот тип на вирус на птичји грип.