СЗО: На Сирија и се закануваат заразни болести

Од:

Светската здравствена организација предупреди дека со порастот на температурите во Сирија се зголемува и ризикот од појава на епидемии.

СЗО нагласува дека од почетокот на воените судири во Сирија здравстениот систем не функционира и додава дека ширењето на болестите, кои се пренесуваат преку вода, како хепатит, тифус, колера и дизентерија е неизбежно.

Организацијата наведува дека во земјата од почетокот на јануари двојно е зголемен бројот на случаи на ентероколитис и хепатит А, како и дека поради неспроведување на вакцинациите почнале и епидемии на сипаници.

Во Сирија, каде во текот на 2010 и 2011 година не е забележан ниту еден случај на сипаници, во 2013 година се регистрирани 139 случаи.

СЗО во соопштението исто така наведува дека 35 отсто од болниците во Сирија не пружаат услуги, како и дека во некои области 70 отсто од здравствените работници ги напуштиле работните места.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија