СЗО: Кина и натаму не дава точни податоци за бројот на починати од Ковид-19

Од:

Кина и натаму го намалува бројот на смртни случаи од Ковид-19, но споделува со нас повеќе информации за епидемијата на коронавирусот во земјата, изјави денеска шефот на техничкиот сектор на Светската здравствена организација (СЗО) за ковид-19 Марија Ван Керхове.

– Ни недостигаат некои многу важни информации и работиме со Кина за да ги пополниме тие празнини, додаде Керхове.

На 8 јануари, Кина повторно ги отвори своите граници и го укина карантинот за меѓународни посетители за прв пат по речиси три години, иако земјата се бори со порастот на случаите со коронавирус.

Директорот на Здравствената комисија на централната провинција Хенан, Кан Куанченгу на 8 јануари изјави дека речиси 90 отсто од населението е заразено со коронавирусот, што е во спротивност со податоците за Ковид објавени од Владата во Пекинг.

Според податоците од Пекинг, од укинувањето на политиката за нулта ковид во Кина во декември минатата година, заразени се само 120.000 луѓе, додека 30 лица починале.

На 4 јануари, владините претставници на ЕУ издадоа препорака до земјите-членки дека патниците кои летаат од Кина за ЕУ ​​треба да имаат негативен тест за коронавирус пред да се качат во авионот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна