СЗО: Ескалацијата на ситуацијата во Украина може да резултира со „хуманитарна катастрофа“

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека понатамошната ескалација по руската инвазија на Украина може да резултира со хуманитарна катастрофа, соопшти нејзината регионална канцеларија за Европа.

„Секоја понатамошна ескалација може да резултира со хуманитарна катастрофа во Европа, вклучувајќи значителен биланс во однос на жртвите, како и дополнителна штета на и онака кревките здравствени системи“, се вели во соопштението на канцеларијата.

СЗО оценува дека ситуацијата е особено загрижувачка во контекст на пандемијата на коронавирус и тековната епидемија на полио во земјата.

„Здравствените работници, болниците и другите установи никогаш не смеат да бидат цел и треба да им се дозволи да продолжат да им служат на здравствените потреби на заедниците“, велат од регионалната канцеларија. „Заштитата на цивилите е обврска според меѓународното хуманитарно право“, потсетува СЗО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина