СЗО: Епидемијата на МЕРС во Јужна Кореја е голема и сложена

Од:

Епидемијата на блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС) во Јужна Кореја е „голема и сложена“ и треба да се очекуваат дополнителни случаи на заболување од овој смртоносен вирус, соопшти денеска експертски тим на Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО и јужнокорејските власти се обидуваат заедно да ја испитаат најголемата епидемија на МЕРС надвор од Саудиска Арабија.

Епидемијата во Јужна Кореја се шири со невообичаено голема брзина, ако се има предвид дека првиот случај е дијагностициран на 20 мај, а досега се потврдени 138 заразени случаи.

Сеул денеска соопшти дека 14 лица починале од оваа болест, а регистрирани се 12 нови случаи.

– Епидемијата сега е голема и сложена и треба да се очекуваат уште случаи. Поради тоа Владата треба да биде внимателна и да го интензивира набљудувањето на болеста, како и превентивните мерки, се додека не биде утврдено дека епидемијата поминала, изјави помошникот генерален директор на СЗО за здравствена безбедност, Кеиџи Фукуда.

Тој нагласи дека населението во Јужна Кореја е многу загрижено поради епидемијата, а посебно се стравува дали вирусот мутирал и може полесно да се пренесува од човек на човек.

Оваа болест, која првпат е откриена кај луѓето во 2012 година, предизвикува коронавирус од истата фамилија како и вирус кој предизвикува тежок акутен респираторен синдрон (САРС). Не постои ниту лек, ниту вакцина.

Би можело да ве интересира

Најголемите епидемии и пандемии во светот во изминатите 100 години

Ана Ололовска

Јужна Кореја објави крај на епидемијата од МЕРС

Ана Ололовска

Јужна Кореја објави крај на епидемијата од МЕРС

Ана Ололовска

Поради стравот од МЕРС над половина милион туристи од Кина и Јапонија не дошле во Јужна Кореја

Ана Ололовска

Во Јужна Кореја МЕРС сега е под контрола

Емир Латифовиќ

Триесетина луѓе во карантин во Чешка поради сомнителен случај на МЕРС

Ана Ололовска