СЗО: Досега 64 напади врз здравствени установи во Украина

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) досега потврди извршени 64 напади врз здравствени установи во Украина, изјави денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

– СЗО потврди 64 напади врз здравствени установи од почетокот на војната, а ние сè уште сме во процес на проверка на натамошни напади. Нападите врз здравствените установи мора да престанат. Здравствените системи, институциите и здравствените работници не се и никогаш не треба да бидат мета, истакна Гебрејесус на прес-конференција.

Мајк Рајан, директор на програмата за вонредни ситуации на СЗО, зборуваше за статистиката на Меѓународната организација за миграција и за ранливоста на милиони внатрешно раселени лица во Украина.

Според него, ситуациите како оние во Украина често доведуваат до состојба кога дури и пристапот до здравствените установи „станува искуство опасно по живот“.

– Ова е дехуманизација на ниво кое е многу тешко да се објасни. Многу е тешко да се разбере. Многу е тешко да се замисли низ што минуваат луѓето во оваа ситуација, порача Гебрејесус.

Зборувајќи за проблемите во работата во Украина и другите региони во криза, вклучително и Етиопија, Рајан нагласи дека се забораваат „основните“ принципи во однос на обезбедувањето помош.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина