Нема каузална врска меѓу смртта на 91-годишното лице од Луцерн и вакцината што ја примило против Ковид-19, соопшти денеска швајцарскиот институт за лекови „Свисмедик“, додавајќи дека починатото лице имало повеќе болести.
Швајцарските медиуми денеска јавија дека едно лице кое било вакцинирано на 24 декември во институција за лица со деменција, починало вчера.
Истрагата спроведена од кантоналните здравствени власти на Луцерн и „Свисмедик“ утврдиле дека веројатно нема врска меѓу смртта и вакцината против Ковид-19, се наведува во соопштението на „Свисмедик“, пренесено од британските медиуми.
Во швајцарскиот кантон Луцерн вчера почина лице кое само пред неколку дена било вакцинирано против коронавирусот.
Надлежната Дирекција за здравство ја потврди смртта на лицето кое било вакцинирано, но, според претходното пишување на веб-страницата „Цајтпункт“, не е утврдено дали постои поврзаност помеѓу вакцината и причината за смртта.