Светските лидери на „Твитер“ не се следат меѓу себе

Од:

Речиси две третини од светските лидери отвориле профили на социјалната мрежа „Твитер“, но многумина од нив не се осудуваат да се „следат“ едни со други, покажува истражувањето чии резултати денеска се објавени во Швајцарија.

Студијата „Твитпломатија“, која ја подготви ПР фирмата Бурсон-Марстелер, покажува дека американскиот претседател Барак Обама има најмногу „следбеници“.

Неговиот твит од 9 мај: „На истополовите двојки треба да им се овозможи стапување во брак“, имал најмногу „ретвитувања“ (пренесувања) во целата конкуренција.

Претставниците на Бурсон-Марстелер велат дека 16 од 20 лидери на држави од групата Г-20 го користат „Твитер“ за јавна дипломатија. Меѓу овие лидери не се политичарите од Кина, Саудиска Арабија, Индонезија и Италија.

Би можело да ве интересира

X ќе му плати 10 милиони долари на Трамп за суспендирање на неговата сметка на оваа социјална мрежа

Ќе се борам за вас секој ден со секој здив во моето тело, порача Трамп

Тужба против Маск за измами при купувањето на Твитер

Гардијан се повлекува од X мрежата на Маск, вели дека станала „токсична“

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск