Светската банка ќе одвои 200 милијарди долари за борба против климатските промени

Од:

Светската банка соопшти дека во периодот 2021-2025 година ќе издвои 200 милијарди долари за финансирање проекти за борба против климатските промени, што е двојно поголема сума од средставта наменти за таа цел во претходните пет години.

– Треба да се бориме со причините за климатските промени, но и да се приспособиме кон последиците од нив, кои несомнено ќе бидат најдраматични во најсиромашните земји, изјави извршната директорка на Светската банка, Кристалина Георгиева на Конференцијата на ОН за климата (КОП 24), што почна вчера во полскиот град Катовице.

Експертите проценуваат дека најавата на Светска банка на стартот на Конференцијата во Катовице, претставува важен поттик за меѓународната заедница да преземе слични чекори.

Во пресрет на Конференцијата развиените земји се обврзаа да го зголемет финасирањето на проекти за справување со климатските проемни во државите во развој за дополнителни 100 милијарди долари до 2020 година.

Според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), дури и дополнително да се зголемат средставта за таа цел, развиените земји од Северната земјина полутопка треба да преземат појасни обврски за справување со климатските промени во сиромашните држави од јужните делови на планантета.

Како најзначајни последици на климатските проемни, кои се очекува да се почувствуваат во земјите во развој, се посочуваат покачувањето на нивото на морињата и појавата на елементарни непогоди, како поплави и суши.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ВИДЕО: Поради климатските промени тајфуните стануваат се поразурнувачки

Катерина Ѓуровски

Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

A1on

Земјава една од петте најзагрозени од климатските промени, екологистите бараат „Климатска акција сега“

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА