Светска трговска организација: ЕУ не ги запре илегалните субвенции

Од:

Светската трговска организација (СТО) денеска пресуди дека Европската унија не го спровела налогот за запирање на илегалните субвенции за компанијата Ербас, поради што американската администрација во октомври воведе царини на речиси 7,5 милијарди долари европска стока.

Панелот на СТО, во својата одлука, наведе дека ЕУ не ги презела потребните чекори со цел да запре да нанесува штета на американскиот Боинг, голем конкурент на Ербас. Се очекува ЕУ да поднесе жалба, иако САД наскоро ќе спречи жалбеното тело на СТО да одлучува по новите жалби.

Еврокомисијата, во одговорот на одлуката го критикуваше панелот поради „бројни сериозни правни грешки во оценувањето на европското придржување до налогот“ и оцени дека препорачаните видови на примена на налогот би биле „многу проблематични за поголемиот дел од членките на СТО“.

Би можело да ве интересира

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната