Светска банка обезбеди 82 милиона долари за најсиромашните во светот

Од:

Светската банка собра рекордни 82 милијарди американски долари за поддршка на најсиромашните земји во светот. Парите ќе им помогнат на земјите да се справат со „предизвиците на климатските промени“, рече претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас.

Средствата што доаѓаат од 52 земји и обврзниците за финансискиот пазар одат во Меѓународната организација за развој. Таа организација ќе ги користи тие пари за финансирање бескаматни или нискокаматни заеми за развојни проекти во најсиромашните земји во светот.

Се очекува да имаат корист од тоа 74 земји, при што 53 милијарди долари одат само во Африка.

– Вкупно, се собраа седум милијарди долари повеќе од пред три години, најголема сума досега во Меѓународната организација за развој, рече Малпас.

Светската банка претходно издвои три милијарди американски долари и Меѓународниот монетарен фонд 2,9 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија