Светот ги проживува десетте најтопли години

Од:

Светот во моментов се наоѓа среде она што веројатно ќе бидат десетте најтопли години од 1850 година, од кога се водат официјални податоци за температурата на воздухот, соопшти британската Метеоролошка управа.

Британските метеоролози предвидуваат дека температурите во секоја од следните пет години ќе бидат за еден степен повисоки, а можеби и повеќе, во споредба со нивоата во прединдустрискиот период.

Како што јави Би-Би-Си, според метеролозита, постојат само мали шанси температурите во следните пет години да се зголемат за повеќе од 1,5 степени, што се смета за „критичен праг на климатските промени“.

Доколку ваквите предвидувања се покажат како точни, деценијата од 2014 до 2023 година, ќе биде најтоплата во последниве 170 години.

Метеоролошка управа посочува дека 2015-та била прва година во која просечната глобална годишна температура била за еден степен повисока во споредба со предидустрискиот период.

Од тогаш, па секоја наредна година просечната температура се зголемувала за околу еден степен, тренд што најверојатно ќе продолжи и во следните пет години.

Би можело да ве интересира

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ