Светлана Тихановскаја осудена на 15 години затвор

Од:

Суд во Белорусија ја осуди лидерката на опозицијата во егзил Светлана Тихановскаја во отсуство на 15 години затвор, објави државната новинска агенција Белта.

Тихановскаја и уште четворица обвинети кои исто така се во бегство беа обвинети за заговор за неуставно преземање на власта и формирање екстремистичка група.

На претседателските избори во 2020 година, Тихановскаја беше противник на авторитарниот долгогодишен лидер Александар Лукашенко, а многу набљудувачи на изборите ја сметаат за вистински победник.

Откако Лукашенко се прогласи за победник, опозицијата го обвини за изборна измама. Во Белорусија имаше дотогаш невидени протести, кои Лукашенко брутално ги задуши.

На Тихановскаја, чии поддржувачи решително ги отфрлија обвинувањата против политичарот, нарекувајќи ги бесмислена фарса, во јануари ѝ се судеше во отсуство по обвинението со кое се товари за предавство.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Направивме само една грешка, требаше да ја докрајчиме Украина пред девет години

Ана Ололовска

Белорусија ги затвора патиштата кон Русија, најавува и формирање на народна милиција

Лукашенко оди кај Путин

Ана Ололовска

Белорусија делумно ја врати контролата на границата со Русија

Ана Ололовска

Летечки објект, најверојатно балон, влегол во полскиот воздушен простор од Белорусија

Ана Ололовска

Белоруските војници ја завршија обуката за рускиот систем за лансирање нуклеарно оружје

Ана Ололовска