Двајца клучни сведоци на убиството на опозицискиот руски политичар Борис Немцов во своето сведочење го изнесоа физичкиот опис на убиецот, јавуваат руските медиуми.
Полицијата трага по маж со висина меѓу 170 и 175 сантиметри, со куса коса, кој носел сини фармерки и кафен џемпер.
Истражниот комитет на Русија планира да спроведе дополнителна истрага во врска со придружничката на Немцов за време на неговото убиство, украинската манекенка Ана Дурицкаја.