Федералниот апелациски суд на САД ја суспендира наредбата издадена од администрацијата на претседателот Џо Бајден за задолжителна вакцинација против коронавирус на вработени во американски компании со 100 или повеќе работници или нивно тестирање секоја недела.
Во пресудата судот наведува „сериозни статутарни и уставни” прашања кои произлегуваат од наредбата.
Одлуката е донесена откако повеќе американски сојузни држави ја тужеа администрацијата на Бајден во обид да ги суспендира наредбите за вакцинација на вработените со федерален договор.
Новото правило требаше да стапи во сила на 4 јануари.