Сменет е јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол

Од:

Членовите на Националното собрание на Јужна Кореја гласаа за смена на претседателот Јун Сук-јеол поради неговиот обид да наметне воена власт, пишува Гардијан.

Националното собрание го усвои предлогот откако 204 пратеници гласаа „за“ и 85 „против“.

Според медиумите, претседателските овластувања и должности на Јун Сук Јеол ќе бидат суспендирани откако копии од документот за неговото разрешување ќе бидат доставени до Уставниот суд.

Судот има до 180 дена да одлучи дали да го смени Јеол од претседателската функција или да му ги врати овластувањата.

Доколку биде сменет, националните избори за негов наследник мора да се одржат во рок од 60 дена.

Би можело да ве интересира

Јужнокорејскиот претседател вети дека нема да се повлече од функцијата по гласањето за импичмент

Горан Наумовски

Хан Дук Со e вршител на должност претседател на Јужна Кореја

Горан Наумовски

Полицијата упадна во канцеларијата на претседателот на Јужна Кореја

Уапсен е поранешниот министер за одбрана на Јужна Кореја

А1он

Јужнокорејскиот парламент усвои предлог-закон за отворање истрага против Јун Сук Јеол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Неуспешен обид за импичмент на претседателот: Врие во Јужна Кореја

Предраг Петровиќ